Search

Се урна шесткатница во Истанбул, еден загинат

Шесткатна зграда се урна  денеска во истанбулската населба Картал, при што загина најмалку едно лице, јави турскиот весник „Хуриет”.

Според турските медиуми, најверојатна причина за уривањето на зградата е експпозија.

На местото на настанот пристигнаа противпожарни екипи, амбулантни возила и полиција.

Се претпоставува дека под урнатините има најмалку четворица.

 

Треба да знаете
Последни објави