Search

Се урна рудник во Мјанмар, се стравува дека загинаа 54 рудари

Се стравува дека повеќе од 50 луѓе ги загубија своите животи во Мјанмар, во Хпакант, кога доцна синоќа рударите кои ископуваа жад беа затрупани со куп јаловина, изјавија пратеникот на Хпакант, Тин Сое и еден спасител.

Според Сое, три тела се извлекуваат од урнатините, објави Ројтерс.

Тој рече дека вкупно 54 работници кои работеле за две рударски компании, заедно со 40 машини и возила, биле заглавени кога на нив се срушил голем куп отпад.

„Тие нема да преживеат. Тоа не е можно, бидејќи се наоѓаат под кал “, изјави Тин Сое за Ројтерс во телефонскиот разговор.

„Многу е тешко да се најдат телата”, додаде тој.

Началникот на пожарникарската служба Аје Теин, рече дека потрагата по преживеаните е во тек.

Смртоносни свлечишта и други несреќи се чести кај слабо регулираните рудници во Хпакант.

Треба да знаете
Последни објави