Search

Се урна мост на автопат во Џенова – најмалку десет загинати

Се урна мост на автопат во Џенова – најмалку десет загинати

Најмалку 10 луѓе загинаа откако се урнал главниот мост на автопатот, познат како Моранди, во близина на италијанскиот град Џенова, при што возилата паднале од висиси од околу 100 метри.

Италијанскиот министер за транспорт, Данило Тонинели изјави дека се работи за “огромна трагедија”.

Шефот на локалната служба за брза помош изјавил дека има “десетици загинати”.

На видео снимките се гледа како еден од столбовите што го држат мостот се урива, среде лоши временски услови.

Голем дел од мостот паднал врз железничката пруга, а со мостот паднале автомобили и камиони.

На самото место се наоѓаат спасувачки екипи.

Мостот е изграден во 60-тите години и е познат како мостот Моранди. Делот што се урнал е долг десетина метри. .

Италијанскиот весник “Ла Републибка” го опиша овој дел од градот како “густо населен”.

Структурата се урнала на пладне по локално време за време на силниот дожд.

Треба да знаете
Последни објави