Search

Се урна ловeц на американското воено воздухопловство, пилотот загинал

 Ловец на военото воздухопловство на САД се урнал доцна синоќа за време на вежби во воздухопловната база „Шо” во Јужна Каролина, јавија авиобазата на својот профил на Фејсбук.

Станува збор за пад на млазниот авион Ф-16 Вајпер, а причината за падот се уште се утврдува. Пилотот на авионот бил однесен во најблиската болница, но денеска подлегнал на повредите, јавија некои американски медиуми.

Треба да знаете
Последни објави