Search

Се урна зграда во Камбоџа, најмалку 18 загинати и голем број исчезнати

Најмалку 18 луѓе загинаа на градилиште на една зграда во Камбоџа, кога се урнала челичната конструкција од седум ката. Уште најмалку 24 луѓе се повредени, а некои од работниците се заробени внатре во зградата по нејзиното уривање, изјавил градоначалникот на провинцијата, Преа Сиханук.

„Челичната конструкција се урна и не се осмелуваме да ја поместиме. Се плашиме да не се урне повеќе“ рекол градоначалникот. Тој додал дека успеале да исчистат 40 отсто од урнатините и дека уште не е познат бројот на исчезнати луѓе.

Спасувачки екипи го расчистуваат местото и се обидуваат да дојдат до евентуално затрупани луѓе. Полицијата привела четворица луѓе на испитување, меѓу кои и тројца претпоставени.

Треба да знаете
Последни објави