Search

Се урна авион во Флорида, две лица загинаа

Две лица загинаа, а во тек е потрага по трето лице за кое се верува дека било на летот при уривање на мал приватен авион во Мексиканскиот Залив, во близина на брегот на американската сојузна држава Флорида, соопшти денеска тамошната полиција.

Властите во Венеција, Флорида, покренаа истрага по 10 часот во неделата, откако авионот не се врати на својот аеродром во Санкт Петербург, Флорида, пренесе АП.

Портпаролката на градот, Лорен Андерсон, рече дека во исто време рекреативците пронашле тело на жена како лебди на околу две милји западно од брегот на градот.

Таа рече дека нуркачите од канцеларијата на шерифот на округот Сарасота ги пронашле остатоците од изнајмениот авион околу 14 часот.

– Спасувачите пронајдоа и починато девојче во патничкиот простор на авионот. Трето лице, за кое се верува дека е машки пилот или патник, е исчезнато, рече Андерсон.

Треба да знаете
Последни објави