Search

Се урна авион во Парагвај, загина министер

Министерот за земјоделство на Парагвај, Луис Гнеитинг, и уште тројца патници загинаа во авионска несреќа. До несреќата дошло кога малиот авион со кој летале се урнал набргу по полетувањето од аеродромот во Ајолас.

Покрај Гнеитинг, загинале и заменик-министерот Висенте Рамирес, пилотот и копилотот.

„Авионот со два мотора падна набргу по полетувањето од аеродромот во Ајолас, околу 380 километри јужно од престолнината Асунсион“, наведе Рубен Агилар, претставник на цивилната воздухопловна служба.

Агилар навел дека истражителите ќе се обидат да ја утврдат причината за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави