Search

Се удави рибар во Вардар кај Миравци

Додека две лица попладнево местеле мрежи во Вардар во близина на селото Миравци, едниот маж паднал и го снемало во водата, дознава „Центар.мк“.

По неколку часовно пребарување од страна на надлежните служби, нешто пред 20 часот, мажот на возраст од 55 години е пронајден мртов од страна на жителите на селото и неговото тело е извлечено од водите на Вардар.

Лекар констатирал смрт, а според сознанија на Центар.мк, врз телото ќе биде извршена и обдукција.

Треба да знаете
Последни објави