Search

Се судрија џип, камион и автобус, повредена жена

Патничка во автобус била тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во центарот од Скопје меѓу џип, камион и автобус.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 16 часот во Скопје, на булеварот Партизански Одреди, во близина на крстосницата со булеварот 8-ми Септември кога дошло џип  „ландровер“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Ч.(58) од Скопје, ткамион „ивеко“ управуван од И.Н.(42) од скопското село Страчинци и автобус „евобус“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.П.(47) од Сарај.

Од ударот со тешки повреди се здобила патничка во автобусот С.Ј.(67) од Скопје, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница “8-ми Септември“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави