Search

Се судрија два камиони на обиколницата кај Радишани

Два камиони се судрија на скопската обиколница кај Радишани. Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, а како што дознаваме неофицијално, тие се во стабилна состојба.

Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен.

Според изјави на очевидци, едниот камион удрил во задниот дел на друг камион. Засега не се познати причините за несреќата.

Сообраќајот  кај клучката Радишани, во правец од Волково кон Смилковци, поради сообраќајката, беше во прекин.

ФОТО: МакФакс

Треба да знаете
Последни објави