Search

Се судрија „голф“ и „бмв“, кај Тетово тројца тешко повредени

На 10.01.2020 околу 04.10 часот на автопатот Тетово-Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Е.(27) од Струмица и патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(38) од Тетово. Во незгодата, возачот М.Е. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот Л.А. и сопатникот во неговото возило Л.А.(38), исто така од Тетово, се здобиле со телесни повреди. Тројцата биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави