Search

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште.

Како што соопшти полицијата, починатиот е 50-годишен жител од Доброште, а на скопските клиники е префрлено женско лице, кое е потешко повредено.

Сообраќајкната несреќа се случила помеѓу автомобил и трактор, а оштетено е уште едно возило паркирано во близина.

Треба да знаете
Последни објави