Search

Се судриле двајца малолетници на велосипед на патот Велес-Градско

На 02.07.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на место викано „Бабуна“, на патниот правец Велес-Градско, се судриле два велосипеда управувани од двајца 14-годишници од Велес.

Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

 

 

Треба да знаете
Последни објави