Search

Се сруши мал авион во Германија, загинаа две лица

Две лица загинаа при пад на мал авион источно од Берлин, соопшти германската полиција.

Авионот полетал во попладневните часови од Штраузберг, а се срушил на полјана оддалеченa неколку километри, пренесе „АП“.

Полицијата соопшти дека сѐуште не може да ги утврди причините за несреќата во која загинаа двајца мажи, а за кои нема детални информации.

Треба да знаете
Последни објави