Search

Се снима филм за „Секс пистолс“

Биографскиот филм за кариерата на музичките икони на 70-тите години на минатиот век – „Секс пистолс“ веќе е во подготовка, а инспиририран е од огромниот успех што го постигнат биографскиот филм за групата „Квин“ – „Боемска рапсодија“, според „Рок ен рол гараж“.

Британската продукциска куќа „Старлајт филмс“ веќе 18 месеци работи на филмот за еден од највлијателните панк-бендови во Велика Британија.

Во средиштето на приказната се покојниот менаџер на бендот, Малколм Мекларен и познатата модна дизајнерка Вивијан Вествуд кои во 70-тите години во лондонскиот кварт Челзи водеа бутик што имаше огромно влијание врз британската панк-сцена.

Режисерката на филмот, Ајеша Планкет , изјави за „Дејли стар“ дека биле импресионирани од бројот на продадени билети за „Боемска рапсодија“, потврдувајќи дека тоа само покажува дека постои огромен интерес на публиката за вакви филмови.

„Секс пистолс“ беа формирани во Лондон во 1975 година. Иако траеја само две и пол години и издадоа само четири синглови и еден студиски албум – „Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols“, покрај „Рамонес“ и „Клеш“ се сметаат за еден од највлијателните бендови на панк-сцената во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави