Search

Се снимал колку бргу може да вози на Фејсбук и ги покосил бремена жена, детенце и старица (Видео)

Се снимал колку бргу може да вози на Фејсбук и ги покосил бремена жена, детенце и старица 

Три лица загинаа на истокот од Романија кога маж, кој во живо, на фејсбук, го пренесувал своето брзо возење со спортски автомобил, излетал од патот и влетал во еден двор. Во несреќата настрадаа бремена жена, нејзиното тригодишно дете и 79-годишна жена. Уште едно лице кое било во дворот е повредено во инцидентот што се случи во населбата Вацарени, на 250 километри источно од Букурешт. Возачот се обидел да побегне, но набрзо е уапсен. Тој со неговиот сопатник поминале само со повреди.

Треба да знаете
Последни објави