Search

Се скенира состојбата на ски центарот Попова Шапка

Јавноприватно партнерство е една од опциите за подобро функционирање на ски центарот Попова Шапка, но пред да се одлучиме мора да имаме детални информации за моменталната состојба на ски центарот, што е во надлежност на ЕЛЕМ Турс, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

-Како Министерство за економија, надлежно за туризмот, многу сме заинтересирани ски центарот Попова Шапка да биде функционален и од зголемувањето на бројот на туристи придобивки да имаат државата и Општина Тетово. Во владата веќе формиравме работна група што моментално детално работи да види во каква состојба е ски центарот, вклучувајќи ги и хотелите, што не се во функција, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави