Search

Се санираат штетите од силното невреме во Аеродром

Комуналните екипи на Општина Аеродром и на Град Скопје ги санираат последиците од силниот ветар што синоќа предизвика штета на повеќе локации во Скопје.

Невремето задсебе остави откорнати дрвја и покриви и на територијата на Општина Аеродром. Службите од утринава работат на расчистување на теренот, кастрење и собирање на гранките од улиците, патеките и влезовите пред училиштата и градинките.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да пријават доколку забележат паднати дрвја и поголеми гранки, со цел комуналните служби да излезат навремено и да го расчистат теренот.

Треба да знаете
Последни објави