Search

Се роди бебе како плод на 27-годишен ембрион

Моли Гибсон е родена во октомври оваа година… А, нејзиниот случај е особено интересен, затоа што бебето е плод на ембрион кој бил замрзнат во октомври 1992 година, во непрофитниот Национален центар за донации на ембриони во Ноксвил, Тенеси, САД.

Дури во февруари оваа година, тој ембрион го добија Тина и Бен Гибсон од Тенеси. Се верува дека ова е најстариот ембрион што успешно резултирал со раѓање на бебе, дури по повеќе од 27 години.

Семејството Гибсон се борело со неплодност скоро пет години, а потоа родителите на Тина се решија на вештачко оплодување. Така, Тина во 2017 година ја роди првата ќерката Ема со замрзнат ембрион, а оваа година пристигна уште едно мало девојче кое од среќните родители го доби името Моли.

Се проценува дека во овој миг во САД има еден милион замрзнати човечки ембриони.

Треба да знаете
Последни објави