Search

Се разгледува решение за продолжување на породилното отсуство, позитивна и медицинска сестра од Куманово

Владата разгледува решение за продолжување на породилното отсуство на мајките чиешто породилно отсуство завршува, а поради мерките за заштита од коронавирусот, не може да обезбедат уверение од градинка, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, на одлуката ќе ѝ претходат законски измени, а јавноста ќе биде информирана за деталите веднаш по донесувањето на одлуката.

Според него, четири вработени во штипската болница ќе бидат во самоизолација, бидејќи биле во контакт со пациентка на возраст од 80 години, која е позитивна на коронавирус. Во Куманово, пак, медицинска сестра вработена на Клиниката за пулмологија дошла на работа без симптоми, за вчера, да има зголемена температура и да биде позитивна на коронавирусот.

-Има пациентка од Штип која била таму примена за првпат на 26 март, првиот брис е негативен и тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Пациентката има 80 години, се лекувала на Одделението за Инфективни болести, меѓутоа, има влошување на состојбата. На 30 е повторно упатена на инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински мица ќе бидат во самоизолација, тие се асимтоматски. Направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат во Штипската болница, на
Одделението за инфективни болести за да се надохнади персоналот кој ќе биде во самоизолација, посочи министерот.

Во изминативе два дена, медицинската сестра од Куманово работела со заштитна опрема, но интервјуирани се нејзините колеги кои имале контакт.

– И една медицинска сестра од Куманово, која е на работно место на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, без никакви симптоми дошла на работа во понеденикот. Вчера почуствувала зголемена телесна температура, земен е брис кој бил позитивен. Таа на работа била со целосна заштитна опрема, маска и ракавици, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави