Search

Се разведува омилениот внук на кралицата Елизабета

Питер Филипс, внукот на кралицата Елизабета, се разведува од својата сопруга Отом Филипс по 12 години брак. Двојката има две деца, Савана (9) и Исла (7). Озборувањата за нивниот развод започнале во почетокот на неделата, а двојката сега ги потврди наводите, пренесува „Телеграф“.

„Кралицата е многу вознемирена за новата ситуација, се чувствува како кралското семејство малку да се распаѓа“, изјави близок пријател на двојката.

Питер работи како маркетинг-консултант, ја запознал својата сопруга во 2003 година во Монтреал. Во тоа време, таа не знаела дека Питер е внук на кралицата. Отом тогаш работела како хостеса. Тие се венчале во 2008 година. Магазинот „Пипл“ еднаш истакна дека кога се родил Питер, тој бил петти по ред за преземање на престолот, но сега кога се родени уште неколку наследници, тој е на 15. место.

Како и да е, „Мирор“ пишува дека Питер е омилениот внук на кралицата.

Петар и Отом немаат кралски титули и не се сметаат за работни членови на кралското семејство. Кралицата им понудила почесни титули, кои принцезата Ен (мајка на Петар, ќерка на кралицата) ги одбила, а нејзините деца Питер Филипс и Зара Тиндал пораснаа без титула. Нивниот татко, капетанот Марк Филипс, бил обичен човек кога се оженил со принцезата Ен, па затоа и тој ја одбил титулата од кралицата.

„Многу сум среќен што и моите родители решија да не користат титули и што пораснавме со можност да правиме сè што сакаме“, рече Зара.

Савана и Исла се многу блиски со своите кралски братучеди принцот Џорџ и принцезата Шарлота.

Треба да знаете
Последни објави