Search

Се работи на протоколот за враќање на децата во градинките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.

Одговарајќи на новинарско прашање кога се планира отворање на градинките, Филипче рече дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.

– Некои детали разменуваат Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика. Верувам дека следната недела ќе заврши тестирањето и веднаш после тоа, меѓутоа тоа ќе биде и во согласност со одлуките да се вратат дел од луѓето на работа за да тоа биде еден координиран процес, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави