Search

Се продолжи листата на должници кај УЈП

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долговите до 31 јули и неплатени до 31 октомври, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот долг е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правни лица.
На листата има над 2.539 физички лица (повеќе за 19 од претходната листа) и 2.020 правни лица (повеќе за 25 од претходната листа), фирми, претпријатија и слично. Вкупната сум на долгот е 10.129.716.081 денари, што е повеќе за 15.032.646 денари од претходната листа. Долгот за даноци и придонеси изнесува 9.969.945.359 денари, додека долгот за царински давачки е 159.770.722 денари.
На црната листа од  УЈП има илјадници должници со милиониски долгови, а водечките места им припаѓаат на „ТЕ-ТО“ , „Ел Дон Кастилло“,  „Индустрија Ал Азтека“,  „Мотор коал индустрија интернационал“,  „МЛ Глобал Италу“…
Не изостануваат и јавните претпријатија како Јавното комунално претпријатие Тетово кое должи 159 милиони денари, Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Водостопанство на Македонија должи 8 милиони денари, МРТ 21 милион денар и други.

 

Треба да знаете
Последни објави