Search

Се продава тајното љубовно гнездо на Кенеди

Дали некогаш сте посакале да одморате, таму каде што одмарал Џон Ф. Кенеди и Мерилин Монро, за време на една од најпрочуените афери во историјата на Америка?

Славната куќа, инаку некогаш во сопственост на Бинг Крозби, која се наоѓа во Палм Спрингс, каде Кенеди и Мерилин наводно ги поминувале своите заеднички моменти, е достапна за купување по цена од 5 милиони долари.

Ранчо Мираж во Калифорнија, во текот на годините веројатно ги угостил Френк Синатра, Џинџер Роџерс, Лусил Бол и многу други славни личности. Куќата со површина од околу 600 квадрати, со оглед на тоа дека го добила надимакот JFK крило, изградена е од страна на нејзиниот сопственик, заедно со неговата сопруга Катрин, во 1957-ма година.

Вилата се појавувала и исчезнувала од пазарот, уште од 2010-та година, а нејзината цена сега пораснала во однос на оригиналниот листинг од 3.4 милиони долари. Исто така, таа е достапна и за изнајмување, по цена од 3.400 долари за една вечер. За оваа цена, ќе добиете престој во „претседателскиот“ апартман, заедно со други гости во четири други спални соби.

Покрај тоа, оваа вила има и лизгачки врати во многу соби, што им дава пристап до базенот и дворот кој е создаден за уживање. Во случај да сакате да ја купите оваа вила, треба да знаете дека на продажба е и имотот покрај неа, доколку сакате да изградите и куќа за гости.

Треба да знаете
Последни објави