Search

Се продава казна за паркирање на Ринго Стар

Тркалезни очила за сонце што му припаѓале на Џон Ленон и казна за паркирање на Ринго Стар, наредната седмица ќе бидат понудени на интернет-аукција на „Сотби”.

Поранешниот возач на познатата британска поп-рок група – „Битлс”, Алан Херинг, со години ги чувал овие предмети, но „сега сака само да ги сочува сеќавањата”, како што самиот изјави.

Казната за непрописно паркирање во износ од две фунти, напишана на име на тапанарот во април 1969 година, денес се проценува на околу 1.500 фунти (1.770 евра).

Оштетените „ленонки” пак, очила типични за стилот на Џон Ленон во 1960-тите, па сè до неговата смрт, биле заборавени на задното седиште на Мерцедесот 1968 година.

Интернет-наддавањето ќе трае од 6. до 13 декември

Треба да знаете
Последни објави