Search

Се претставувал како прва дама и заработил богатство: Барал пари за хуманитарни акции и успеал да собере 20 милиони долари

48-годишен Нигериец деновиве се појави пред судот во Лагос каде што одговара за организирана измама од 20,5 милиони долари, затоа што се претставувал како прва дама на земјата.

Џулиус Аниџаву Уче е обвинет по десет точки според нигерискиот закон за сајбер криминал после испраќањето на лажни мејлови во кои што барал пари за хуманитарни програми. Тој се потпишувал како Ајша Бухари, сопруга на нигерискиот претседател Мухамаду Бухари.

Тој се изјаснил дека не е виновен пред судот во Лагос, а во меѓувреме му бил одреден притвор кој ќе трае до новото рочиште кое што е закажано за 18-ти јануари.

На уште двајца мажи им бил одреден притвор до тој датум поради слични обвинувања. Еден од нив е 48-годишниот Агу Ифеанџи Џорџ кој што се претставувал како Муса Мохамед, доктор во Сирија. Тој барал големи суми на пари од своите жртви за да може да ја напушти земјата во која што владее граѓанска војна.

Една студија која што во 2017-та година ја спровеле „Интерпол“ и компанија за активностите на сајбер криминалот во земјите од западна Африка, посебно Нигерија, покажала дека има голем пораст на жртвите преку интернет, односно забележан бил пораст од 132% во периодот од 2013-та до 2015-та година.

Во Нигерија, која што многумина ја сметаат за „светска престолнина“ на интернет измамата, сторителите ги нарекуваат „Јаху деца“.

Инаку, во извештајот под наслов „Сајбер криминал во Западна Африка – раѓањето на подземниот пазар“, стои дека тие измами се појавиле на почетокот на 2000-та година.

Треба да знаете
Последни објави