Search

Се преврте комби со 50 мигранти кај Раборци, 14 повредени, возачот избегал

На 08.07.2020 во 20.45 часот на регионален пат Валандово – Струмица, пред крстосница за село Раборци, товарно возило „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, во кое биле превезувани 50 мигранти од Индија, Авганистан и Пакистан, се превртело на коловозот.

По незгодата возачот побегнал од местото. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле четворица мигранти, а 10 се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Останатите мигранти биле пренесени во Прифатниот центар Гевгелија. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави