Search

Се преврте брод на Скадарското Езеро, се трага по неколку лица

Брод во кој имало седум лица се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора.

Агенцијата МИНА соопшти дека во несреќата настрадала една жена. По три лица сѐ уште се трага,  а во потрагата учествуваат полицијата и мештаните.

Подрачјето на Скадарското Езеро го зафати невреме со дожд и силен ветер.

Според наводите на медиумите, бродот се упатил во обиколка на тамошниот манастир.

Треба да знаете
Последни објави