Search

Се повторува приказната тенисот е „мртов“

Германскиот тенисер Александер Зверев по серија од пет поседователни порази го совлада Русиноит Данил Медведев и тоа во вистински момент, во големото финале на завршниот турнир од годината, одигран во Торино 2:0 (6:4, 6:4). Германскиот тенисер одигра без грешка на свој сервис што му донесе триумф во два сета. Олимпискиот шампион Зверев не му препушти ниту една брејк топката на противникот и заслужено го освои својот втор трофеј на завршните Мастерс турнири на кои играат најдобрите осум тенисери.

Медведев кпој е дел од новата генерација која доаѓа и ќе владее во тенисот во перидот што следува смета дека помладите тенисери не се доволно ценети и популарни од спортската јавноста.

– Јас можам да кажам дека сум најдобар во овој момент и дека луѓето доаѓаат да ме гледаат мене. Но, не е така. Кога зборувам со мојот тренер за ова, тој ми вели дека секогаш во тенисот имало вакви етапи. Некогаш биле Борг и Мекинро, кога ги завршиле кариерите, сите велеле дека тенисот е мртов и готов, дека никогаш нема да има такви играчи. После тоа на сцената дојдоа Сампрас и Агаси, а после нив, тенисот повторно беше готов. Се појавија Ѓоковиќ, Федерер и Надал. Ако ги прашате луѓето што по заминувањето на оваа водечка тројка во тенисот ќе ви речат нема да биде интересен. Се случува истата работа, повторно тенисот е мртов. Јас не мислам така, говорам во свое име и ќе дадам се од себе за да освојам што повеќе титули и да играм во голем број финалиња – изјави Русинот по поразот од Зверев признавајќи дека противникот со нова тактиката за разлика од претходните мечеви не му диозволил да се спротивстави соодветно и прозна дека загубил од подобар ривал.

Треба да знаете
Последни објави