Search

СЕ повика на поголема поддршка во борбата против трговијата со луѓе

Група експерти од Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе (ГРЕТА) денеска упатија повик за дополнителна поддршка на професионалците кои откриваат и помагаат на жртви на трговија со луѓе.

По повод 30 Јули – Светскиот ден на борбата против трговијата со луѓе, во изјавата се истакнува дека е констатирана „посветеност и храброст на многу професионалци против трговија со луѓе во 47 држави потписнички на Конвенцијата”, но и дека „во некои земји не се дава доволно политичко внимание „и оти се одвојуваат неадекватни ресурси” за борба против трговијата со луѓе.

„Преземените мерки за контрола на пандемијата на Ковида-19 и нивните социјално-економски последици ја зголемија ранливоста на жртвите на трговија со луѓе и оние кои се изложени на ризик од трговија со луѓе, се вели во соопштението и се додава дека луѓето на теренот, вклучително и претставниците на законот, социјални работници, здравствениот персонал и невладините организации се соочуваат со непредвидливи предизвици што ги ограничуваат во идентификување и помош на жртвите.

За да ги исполни своите обврски и да спречи трговија со луѓе и да ја намали ранливоста на децата од експлоатација, ГРЕТА ги повикува државите да обезбедат соодветни ресурси за заштита на децата, вклучително и деца на мигранти и бегалци.

Треба да знаете
Последни објави