Search

Се плашел да наплати влез за странци, па 160.000 влегле бесплатно

Се плашел да наплати влез за странци, па 160.000 влегле бесплатно

Продавач на карти во природниот национален парк „Шинџуку Ѓо-ен” близу Токио, пуштил над 160.000 туристи внатре, поради страв – странците да не го караат оти не знае ниеден друг јазик освен јапонскиот.

Седумдесетгодишниот старец, сега веќе во пензија, пред истражните органи признал дека од 2014 година престанал да наплатува билети, и тоа траело 2,5 години.

– Не говорам ниеден друг јазик и еднаш се исплашив кога еден странец почна да вика кон мене, се правдал пред надлежните.

Според Министерството за животна средина, кое раководи со паркот, вкупната загуба изнесува 25 милиони јени, односно 220.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави