Search

Се отвори Центарот на Заедницата на Младите во Чаир

Претставници на граѓанското општество, претставници на бизнис заедницата, Општина Чаир во соработка со Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, го отвараат Центарот на Заедницата на Младите – Чаир.

Центарот го отворија Градоначалникот на Општина Чаир г-дин Висар Ганиу и заменик амбасадорот на САД г-ѓа J.R. Littlejohn. Се наоѓа на улица Вуковарска бр. 17 во Чаир.

Ќе има екипа составена од четири членови:
Егзона Исени,
Ндерим Нагавци,
Зехра Ќуфлиу
Денис Шабани

и ќе се обиде да биде важна точка за активности и едуцирање на младите во Чаир и пошироко.

Центарот се отвори со помош на албанската бизнис заедница: г-дин Арсим Папранику, г-дин Неби Хоџа, г-дин Ил Марку, г-дин Мухарем Муртезани, како и со голема поддршка на Општина Чаир.

Треба да знаете
Последни објави