Search

Се отвора нов музеј посветен на Статуата на слободата

Во Њујорк денес се отвора новиот музеј во чест на Статуата на слободата, а првиот ден обиколката на културното здание ќе биде бесплатна за посетителите.

Музејот ќе претстави предмети, фотографии и филмови за познатиот американски симбол, кој го посетуваат 4,5 милиони туристи годишно.

По отворањето на музејот, ќе се одржи гала вечера за донаторите кои подарија околу 100 милиони долари за изградбата на музејот.

На вечерата ќе присуствуваат бројни познати личности меѓу кои ТВ-водителката Опра Винфри, поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, основачот на „Амазон“, Џеф Безос, и Челзи Клинтон, ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Статуата на слободата, чие вистинско име е „Слободата што го осветлува светот”, е дело на францускиот скулптор Фредерик Огист Бартолди. Внатрешниот дел на Статуата е дело на инженерот Густав Ајфел, автор на познатата Ајфелова кула во Париз.

Франција им ја подари статуата на САД во 1886 година.

Треба да знаете
Последни објави