Search

Се омажи за јапонската принцеза Мако

Принцезата Мако, внука на јапонскиот цар, по долгогодишни контроверзии околу нејзината врска, се пак, се омажи за свршеникот Кеј Комуро. Таа претходно се откажа од традиционалните благороднички привилегии и значителен паричен надомест.

Јапонската телевизија ја прикажа Мако како ја напушта царската палата во царската област Акасака, во Токио и се збогува со семејството, поклонувајќи им се на родителите и прегрнувајќи ја сестра сѝ. На почетокот на овој месец, царските служби појаснија дека свадбената свеченост, приемот и другите ритуали нема да се одржат и дека не се одобрува обредот со парично дарување, макар што тоа им следува на жените од царското семејство кои се мажат за луѓе од неблагородно потекло. Инаку, се работи и за паричен износ еднаков на 1,2 милиони евра.

Внуката на императорот Нарухито, која викендов наполни 30 години, ја загуби својата кралска титула кога таа и Кеј Комуро официјално се венчаа. Тоа е вообичаено за жените од царската лоза, но принцезата Мако е прва во поновата историја на Јапонија која го отфрли свадбениот паричен надомест.

Ќерката на помладиот брат на царот Нарухито со години трпеше критики и одолговлекување во врска со нејзиниот брачен план со, исто така 30-годишниот Кеј Комуро, кој беше напаѓан поради тврдењата дека неговата мајка позајмила пари од нејзиниот поранешен партнер и одбила да му врати. Оваа афера, која сè уште не е докрај решена, предизвика низа контроверзи  во Јапонија, каде што  вообичаено се очекува беспрекорно однесување на царското семејство. Свадбата потоа беше одложувана, а Кеј Комуро се пресели во САД во 2018 година за да ги продолжи студиите по право.

Треба да знаете
Последни објави