Search

Се огласи тениската академија IMG: Болитиери е жив

Познатата тениската академија „IMG” демантираше попладнево дека починал нејзиниот основач и прочуен американски тренер Ник Болитиери (91), откако претходно бројни светски медиуми објавија дека Болитиери е мртов.

-Би сакал да ги уверам сите дека, спротивно на тоа што го објавија светските медиуми, јас сè уште сум жив. Не можат многу работи да го уништат овој италијански старец. Ги имам тука своето семејство и пријателите и тоа ме прави многу среќен, ги пренесе тениската академија IMG зборовите на познатиот американски тренер.

Бројни светски медиуми претходно пренесоа дека неговата ќерка Анџелик Ен Болитиери споделила на социјалните мрежи дека нејзиниот татко Ник починал на 91. годишна возраст.

Како реакција се огласија и бројни тенисери, вклучувајќи го и Николас Кифер, изразувајќи сочувство до семејството на славниот тренер.

Ник Болитиери е познат по својата тениска академија во Флорида низ која минаа голем број тениски ѕвезди, вклучувајќи ги Моника Селеш, Андре Агаси, Џим Куриер, Серена и Венус Вилијамс, Марија Шарапова, Мартина Хингис, Мери Пирс, Ана Курњикова и Борис Бекер. ег/сд

Треба да знаете
Последни објави