Search

Се огласи Роналдо со охрабрувачка порака пред четвртфиналниот меч со Мароко

Еден од најдобрите фудбалери во светот, репрезентативецот на Португалија, Кристијано Роналдо, се огласи откако изминатите два дена се најде во центарот на вниманието поради неговите постапки за време и по осминафиналната пресметка на Светското првенство против Швајцарија, што неговата селекција го доби убедливо со 6:1.

-Ние сме толку силен тим што надворешни сили не можат да го скршат. Ние сме храбра нација која не се плаши од ниту еден непријател. Ние сме тим во најдобар смисол на зборов кој е подготвен да се бори до самиот крај за остварување на соништата, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Однесувањето на Роналдо беше главна тема поради наводните закани дека ќе ја напушти репрезентацијата, бидејќи не беше во стартниот тим против Швајцарија, дека не се радува на постигнатите голови, како и неговиот потег веднаш по завршување на натпреварот да замине во соблекувалната, иако сите фудбалери останаа да го слават пласманот во четврфиналето со навивачите на теренот.

Португалија во четвртфиналето, в сабота, ќе игра против Мароко.

Треба да знаете
Последни објави