Search

Се огласи Германија: Потегот на Москва е неправеден

Германија ја оцени како неправедна одлуката на Русија да протера двајца германски дипломати од Москва. Одлуката на руското министерство за надворешни работи следи како одговор на одлуката на Берлин, минатата недела, да протера двајца руски дипломати.

Германија минатата недела најави протерување на двајца руски дипломати, поради, како што наведе, одбивањето на Москва да соработува во истрагата за убиство, за кое германски обвинители сомничат Руси или Чеченци, пренесе Ројтерс.

„Германската влада со жалење ја констатира одлуката на руската влада да прогласи двајца вработени во германската амбасада во Москва за персона нон грата“ наведе германското министерство за надворешни работи.

Тоа испраќа погрешен сигнал и е неправедно, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави