Search

Се огласија од Тотенхем: Тоа е неприфатливо, навивачот ќе биде санкциониран

Натпреварот помеѓу Арсенал и Тотенхем вчера беше одбележан од големиот расистички скандал кој што ретко се гледа на терените кога станува збор за англиската Премиер лига.

Имено, кога Пјер-Емерик Обамејанг прославуваше еден од двата постигнати гола, кон него беше фрлена банана од страна на навивачите на Тотенхем и тоа предизвика голем скандал на Островот.

Поради жестоките реакции на јавноста, се огласија и од Тотенхем преку официјално соопштение во кое најостро го осудија потегот на навивачоот кој што го стори тоа.

„Таквото однесување е неприфатливо. Навивачот кој што фрли лушпа од банана ќе биде суспендиран и ќе му забраниме пристап на стадионот“, порачаа од Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави