Search

Се обновуваат санитарните јазли во ООУ “Кузман Шапкарев”

Интензивно тече санацијата на санитарните јазли во ООУ Кузман Шапкарев во населбата Драчево коjaотпочна во втората половина на јануаригодинава. Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, изврши увид во градежните активности  во училишниот објект каде се санираат вкупно 8 санитарни јазли со преку 30 тоалети. Се работи за дел од проектот на МОН за изведба на рехабилитација на тринаесет училишта во Република Македонија и истиот треба да финишира за најмногу 6 месеци. Вредноста на реконструктивните зафати изнесува 5.156.765,91 денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.

Претходно, во текот на минатата година, Општина Кисела Вода обезбеди средства со кои во ова училиште беше поставена термоенергетската фасада, на површина од 3.141 м2, а делумно беше заменета икровната конструкција.

 

Во  ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево настава посетуваат 660 ученици. Училишниот објект датира од 1971 година.

Треба да знаете
Последни објави