Search

Се обеси затвореник во Идризово

Затвореник осуден за убиство денес се обесил во затворот во Идризово. Информацијата за МКД.мк ја потврдил и директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ. Повеќе детали околу овој случај од таму ни најавија откако ќе биде готов целосниот извештај за настанот.

Според првичните информации телото на починатиот било најдено околу пладне во затворот Идризово од вработени и затвореници.

Момчето било осудено за повеќе кривични дела меѓу кои и убиство.

Треба да знаете
Последни објави