Search

Се обележуваат велосипедски патеки, се изработуваат веб- страница сајт, апликација и промотивно видео за Крушево

Преку проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево” финансиран од ЕУ преку програмата ИПА 2, во тек е обележувањето на патеки за планински велосипедизам во должина од 40 километри, како и изработка на веб-сајт, апликација и промотивно видео за Крушево.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, со ова Крушево ги подобрува условите за развојот на туризмот, туристичката промоција на градот и креира повеќе алатки преку кои ќе се таргетираат потенцијалните посетители на Крушево.

-Во напредна фаза е имплементацијата на проектот преку Светска Банка и во моментов, меѓу другото, работиме на обележување на патеки за планински велосипедизам во должина од 40 километри и изработката на неколку промотивни и информативни алатки: веб-страница, „Андроид” и „Ајфон” апликации и промотивно видео со кое ќе се опфатат туристичките атракции, историјата, културата и традицијата на Крушево, овјаснува Христоски.

Од Општината најавуваат дека престојат уште многу активности, како дел од овој проект. 

 

Треба да знаете
Последни објави