Search

Се ниша клупата на Сетиен, ама нема намера да му се извини на Гризман

Барселона по ремито со Атлетико Мадрид (2-2) го губи чекорот во трката за одбрана на шампионската титула во шпанската фудбалска Ла Лига, каде лидерот Реал Мадрид има шанса да побегне четири чекори. Ваквиот развој на настаните по продолжението на сезоната во кое Барселона влезе како лидер, му ја тресе клупата на тренерот Кике Сетиен кој се соочува со отказ.

Поголемиот дел од играчите на Барселона се разочарани од начинот на кој ги води тимот Сетиен.  Први меѓу незадоволните е Антоан Гризман, кој е седнат на клупата за резерви.

-Не може секој да игра – изјави Сетиен по мечот на прашањето зошто не игра францускиот интеранционалец кој против својот поранешен клуб доби шанса да влезе во игра во 90. минута.

-Не е лесно… Не се согласувам со оние кои велат дека не верувам во Гризман. Тој е важен играч за нас, и само околностите не прислија да го ставам на клупа. Оние кои добија можност од првата минута добро ја завршија задачата. Знам дека на Гризман му е тешко, ќе разговарам со него но сигурно нема да му се извинам. Јасно ми е дека се чувствува лошо, но и јас се чувствувам лошо затоа што тој е одличен фудбалер и прекрасна личност – порача тренерот на Барселона.

Треба да знаете
Последни објави