Search

Се намалува цената на парното

 

РKE на денешната седница одлучи да ја намали цената  што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава.

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за дистрибуција на потрошувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за  енергетика 1,13 отсто.

Намалувањето, како што кажа, доаѓа во услови кога цената на природниот гас е за 40 отсто повисока во однос на лани.

Покрај тоа РКЕ за 8,4 отсто ја намали и цената за фиксните трошоци односно цената што ја плаќаа исклучените корисници од системот за топлинска енергија

За септември најави дека заедно со претставници на БЕГ и  здружение на незадоволните исклучени од системот за топлинска енергија, Регулаторната комисија ќе работи на донесување нови подзаконски акти за регулирање на обврската што ја имаат исклучените корисници.

Треба да знаете
Последни објави