Search

Се намалуваат водостоите на реките

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за мај и бележат благо намалување во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Црна Река на мерното место кај Новаци каде нивото е повисоко од просечното и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е понизок од повеќегодишниот просек за овој месец, но има благо зголемување во однос на вчерашниот.

Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и се исти како вчера, додека Дојранското Езеро има повисок водостој од просечниот, но е намалено за еден сантиметар во однос на вчера.

Треба да знаете
Последни објави