Search

Се менува методологијата за планирање и подготовка на владината годишна програма за работа

Владата ќе имплементира нов електронски систем за стратешко планирање и подготовка на својата годишна Програма за работа и негово воведување во употреба.

Како што информира владината прес-служба, Владата на денешната  седница ја разгледа и усвои Информацијата за имплементиран нов електронски систем за стратешко планирање и подготовка на годишна Програма за работа на Владата и негово воведување во употреба.

Генералниот секретаријат е задолжен да подготви Предлог за изменување и дополнување на методологија за стратешко планирање и подготвување на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави