Search

Се зголемува бројот на прекршувања на мерките во Грција

Од минатиот понеделник, на 23 март 2020 година, заклучно со вчера грчката полиција казнила 13.195 лица за прекршување на мерките за забрана за движење, со што вкупниот број изречени казни е во висина од околу два милиона евра, согласно податоците од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку се анализираат конкретните податоци, што се издаваат на дневна база, прекршувањата во Грција се зголемуваат од ден на ден. Од саботата до вчера има речиси 50 отсто повеќе казни, односно во саботата биле регистрирани 1.400 прекршувања, во неделата 1.835, во понеделникот 2.193, а вчера биле казнети 2.561 лица.

Најголем број од прекршувањата се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Казната за секое непотребно и неоправдано излегување, граѓаните ги чини 150 евра, а средствата од казните ќе бидат искористени за поддршка на медицинскиот персонал и здравствената инфраструктура во Грција.

Треба да знаете
Последни објави