Search

Се зголемува бројот на заболени од карцином на дебелото црево

Само минатата 2018 година, биле регистрирани околу 1.8 милиони нови случаи на заболени од карцином на дебелото црево и ректумот во светот. Популација со највисок ризик за развој на оваа болест се луѓето до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот.

Ова беше посочено на денешната меѓународна конференција насловена „Early Occurrence of Colorectal Carcinoma. Where we are. Where are we going?”, што ја организира Клиничката Болница „Аџибадем Систина” и MTCC (Mediterranean Task Force for Cancer Control) во Скопје.

Д-р Владимир Димов истакна дека денеска колоректалниот карцином веќе не е болест на постарата популација, туку спротивно, почесто од кога и да е кога ја гледаме оваа болест кај млади пациенти.

Во Македонија, како што беше посочено, тоа е шестата причина за предвремена смрт, а во последната деценија бројката на смртност од колеректален карцином се зголеми за повеќе од 16 отсто.

-Целта на оваа конференција е да ги расветлат сите аспекти за можните фактори за влошување на оваа ситуација како што се: диететски причини, специфики на различни региони во светот, патолошки и генетски фактори, рано појавување на симптоми, дијагноза, третман и скрининг, рече Димов.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше наконференцијата, истакна дека особено е важно да им се овозможи на грѓаните да имаат можност да се лекуваат во најдобрите болници, државата размислува да продолжи со концептот на јавно приватно парнерство.

-Верувам дека овие искуства што овде ќе се стекнат ќе се имплементираат во сите институции во нашата земја. Ние како Министерство за здравство ќе продолжиме понатаму да ги поддржуваме превентивните прегледи, особено за оваа болест, изјави министерот Филипче.

Директорката на Аџибадем Систина д-р Јана Марин на отворањето истакна дека од самиот почеток силно го поддржаат и поттикнуваат развојот на научната мисла и практика, секогаш заедно во координација и соработка со сите професионални здруженија и со владините институции и јавното здравство.

На конференција беше промовиран печатен едукативен материјал кој досега е преведен во повеќе од 20 земји во светот. Брошурите со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на карциномот на дебело црево ќе бидат дистрибуирани по сите амбуланти низ земјава се со цел информирање на популацијата и подигнување на свеста кај населението.

На дводневната конференција присуствуваат четириесетина еминенти доктори предавачи од повеќе земји од Европа и од Азија. 

Треба да знаете
Последни објави