Search

Се запали авион со американски војници на ирскиот аеродром Шенон

Авион Боинг 767-300 со американски војници денеска се запали на ирскиот аеродром Шенон пред полетување, поради што се стопирани сите летови.

Во инцидентот нема повредени луѓе.

Контролорите на летови забележале оган и чад од гумите на авионот на компанијата „Омни Ер Интернешенел” додека леталото се движело по пистата.

„Омни Ер Интернешенел” е приватна компанија која превезува американски и странски војници и членови на нивните семејства ширум светот.

Треба да знаете
Последни објави