Search

Се жени Рафаел Надал, на свадбата ќе дојде и шпанскиот крал

Шпанските медиуми објавија дека славниот тенисер Рафаел Надал (33) и неговата свршеница Марија Перели (31) ќе се венчаат на 19 октомври во еден мал град на брегот на Шпанија, Поленси. Двојката наводно го изнајмила целиот луксузен комплекс во градот, кој вклучува базени, приватни соби и хелиодром, пренесува „Мајорка дејли“.

На свадбата треба да дојде и шпанскиот крал Хуан Карлос (81) со кого Надал е во добри односи и приватно.

Двојката е заедно уште од 2005 година, но се запознале многу порано. Циска, како што се нарекуваат пријателите, е дипломиран финансиски стручњак и работи како проект менаџер на хуманитарната организација на Надал. Таа не е типична жена на спортист, дури и кога станува збор за социјалните мрежи, и нема официјален профил на ниту една социјална мрежа.

Треба да знаете
Последни објави