Search

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, во белиот дворец владее матрицата на Груевски, шефот на извршителот Мицкоски

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија што под режим ја држеше државата и граѓаните, партија која е симбол на криминалот и корупцијата. Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ. Во белиот дворец зад мене владее истата матрица на избеганиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски. Одбрана на криминалот, обнова на режимот и враќање назад во изолација и неизвесност. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски, а управувана од Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ со долг од 8 милиони евра се заканува дека ќе го врати назад режимот, дека ќе ги поништи договорите со Грција и Бугарија и со тоа ќе наштети на процесите на интеграција во ЕУ и НАТО. Но тој филм Мицкоски и Груевски нема да го гледаат. На 12 април граѓаните ќе го казнат антидржавното, антизападното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски.

На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим никогаш повеќе!

Треба да знаете
Последни објави